Капитенот на Црвена звезда, Александар Драговиќ, реши како слободен играч да го напушти клубот.
Австриецот со српско потекло, пред три години дојде во Црвена звезда, со клубот освои три дупли круни, а во последната сеозна беше капитен.
Драговиќ во Белград пристигна за да ја исполни желбата на својот дедо, инаку голем навивач на црвено-белите. Клубот го напушта од семејсни причини. Неговото семејство живее во Виена.
„Благодарност до Звезда за исклучителната понуда и за се што ми даде. Многу ми е тешко, но донесов одлука во договор со семејството да се вратам во Австрија“, изјави Драговиќ по состанокот со клупските челници и тренерот Владан Милојевиќ.
Драговиќ во кариерата играше во Австрија Виена, Базел, Динамо Киев, Баер Лверкузен и Лестер. За репрезентацијата на Австрија има одиграно 100 натпревари.