Оскар де Маркос, капитенот на Атлетико Билбао, најави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната. Одлуката им ја соопшти на соиграчите пред денешниот тренинг.
„Остануваат уште три неверојатни месеци до крајот на сезоната, не сакав повеќе да ја одложувам оваа одлука. Имам уште три месеци и треба да уживаме во нив. Исполнив многу повеќе соништа отколку што очекував и го исполнив мојот животен сон“, изјави капитенот на Атлетик.
Де Маркос пред три дена во мечот против Еспањол во 24. коло од Ла Лига се израмни со Икер Муниаин на второто место на листата на играчи со најмногу настапи за клубот од Билбао (560).
Рекордер по бројот на одиграни натпревари за Атлетико е Хозе Анхел Ирибар, кој за клубот од Билбао одигра 614 натпревари.
Атлетик моментално се наоѓа на четвртото место во Ла Лига со 45 бодови.