Top Sport

Капитенот на Барселона се сели во Ливерпул

Барселона и Ливерпул постигнаа договор за едногодишна позајмица на уругвајскиот дефанзивец Роналд Араухо.

Високиот стопер е член на Барса седум години, за „блауграна“ одигра над 200 натпревари во сите натпреварувања.

Станува збор за играч кој официјално е капитен на каталонскиот клуб.

Ливерпул ќе има опција да го откупи договорот на 27-годишниот стопер.

Се веруваше дека Араухо ќе остане во Барса по исклучително тешката сезона во која доживеа проблеми од ментална природа, а подоцна го пропушти и Светското првенство поради повреда. Затоа овој трансфер е големо изненадување за многумина.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');