Капитенот на Борусија Дортмунд, Марсел Шмелцер ги опиша перформансите на неговиот состав при 1:2 поразот од Вердер Бремен како „шега“, и додаде дека во моментот се „навистина срање“.
Дортмунд се без победа во осум бундеслигашки мечеви, а поразот од Вердер, кој беше претпоследне пред оваа победа само ја влоши кризата во која се наоѓа великанот. Иако Пјер-Емерик Обамејанг стана најдобриот стрелец од Африка во Бундеслигата, тоа беше единственото нешто што тимот на Петер Бос направи во мечот.
„Овие перформанси беа вистинска смешка од нас. Повеќе недели изјавував дека не можеме само да зборуваме, дека се потребни дела. И тогаш одигруваме ваков меч, неверојатно. Стојам тука и луѓето си помислуваат – тој секогаш го кажува истото. Не сфаќам зошто дозволуваме вакви мечеви. Бевме навистина срање“, вели Шмелцер.
Кризата на „Вестфален“ нема крај – Вердер со победа кај Борусија (видео)