Top Sport

Капитенот на Киево полни 40 години, се подготвува за Серија Б следната сезона

Капитенот на Киево Верона, Серџо Пелисие денеска го прослави својот 40. роденден и вели дека не знае кога ќе престане со фудбалот, иако неговиот клуб следната сезона ќе се натпреварува во втората лига.

Пелисие дојде во Киево од Торино во 2000-тата, по што имаше 139 гола во 510 настапи за „летечките магариња“, играјќи со нив во славната генерација која играше во Лигата на шампионите во 2006/07. Напаѓачот исто така има уникатен рекорд – постигна гол во единствениот настап за италијанската репрезентација.

Киево се убедливо последни во Серија А и следната сезона ги очекува неатрактивната ситуација да се борат за враќање во елитата.

„40 години се навистина многу. Ја поминувате 4-0 и сфаќате дека набргу ќе морате да ја смените својата работа и животниот стил. Не знам кога ќе престанам да играм, а тоа делумно зависи и од претседателот. Сега не размислувам за иднината бидејќи уште се чувствувам како дете и сакам да ја завршам сезоната со работа. Се надевам дека нашите навивачи ќе ги поминат последните денови од сезоната без страдањето кое сите го чувствувавме оваа година“, вели Пелисие.

Scroll to Top