Top Sport

Богатите газди на ПСЖ купуваат „заспан џин“ од Англија!

Сопствениците на Пари Сен-Жермен, Катар спортс инвестментс (QSI), се подготвени да го зголемат своето влијание и на островот, откако францускиот весник „Ле паризиен“ тврди дека тие се заинтересирани да купат „заспан џин“ од англиската втора лига (Чемпионшип).

QSI се надеваат дека ќе можат да го повторат успехот кој го имаат со ПСЖ во Франција, со преземање на еден од историски големите клубови во Англија (во игра се Астон вила, Нотингем форест и Квинс парк ренџерс) со кои би влегле во Премиер лигата, каде што се големите пари и големите можности.

По преземањето на ПСЖ во 2011 година, Катарците го поставија Насер Ал-Хелаифи како претседател на клубот и огромен буџет за трансфери, остварувајќи ги двата најбогати трансфери во историјата – Нејмар од Барселона за 222 милиони евра и Килијан Мбапе од Монако за 180 милиони евра.

Scroll to Top