Канадскиот фудбалер со српско потекло и капитен на Црвена звезда, Милан Борјан беше предмет на критика во српските медиуми, откако на прославата на 31. титула на неговиот клуб, директно им порача на ривалите од Партизан дека не е лесно постојано да си втор или трет.
На стадионот „Рајко Митиќ“, Борјан имаше емотивен говор пред директната навреда.
„Денеска е голем момент за секој звездаш од Австралија до Канада, за сите во клубот. Првпат славам како капитен и чест е да се води оваа екипа. Благодарам на довербата, посебно на ’Делиите’, најдобрите навивачи на светот. Ова е делумно и нивна заслуга. Браќа ви благодарам за сè! Ајде сега нашата песна која многу боли. Не е лесно да си втор или трет! Јадете гомна, ние сме шампиони“, вели Борјан.
Hahahahaha ono kad je i njegovim saigračima neprijatno. Pet ljudi skače.
????? pic.twitter.com/J1oUT67qhJ
— bjankoneri-san (@bjankoneri1970) June 20, 2020