Top Sport

Капитенот прави проблеми во Арсенал

Арсенал има мал буџет за летниот преоден рок, тренерот Унаи Емери досега не успеа да донесе ниту еден играч, а проблемите со кои се соочува дополнително му ги зголеми капитенот Лоран Кошчелни.

Поранешниот француски репрезентативец одбил да отпатува со тимот на подготовките во САД.

„Разчарани сме од начинот на кој се однесува Кошчелни. Кога ќе го решиме овој проблем тогаш повторно ќе се огласиме“ стои на официјалната страна на Арсенал.

Кошчелни минатата сезона одигра само 29 натпревари за Арсенал. Овој 33 годишен фудбалер од 2010 година за Арсенал одиграл 353 натпревари и постигнал 27 гола.

Интерес за неговите услуги покажува Бордо.

Scroll to Top