Top Sport

Капитенот ѝ се заблагодари на нацијата – Два милиони срца за Македонија

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, со два милиони срца ѝ се заблагодари на нацијата за поддршката што ја имаше националниот тим во финалниот бараж против Португалија.

За жал, Македонија не успеа да избори пласман на Светското првенство во Катар. Португалците, синоќа во Порто, со двата гола на Бруно Фернадеш славеа победа од 2:0.

“Драги наши навивачи, од срце сакам да ви се заблагодарам за моментите кои ги доживеавме. Ова беше неверојатно искуство за сите нас. Покажавме храброст и заедништво.

Сплоетени дојдовме на чекор до остварување на сонот на многу генерации. Горд сум на тимот. Заедно славиме заедно тагуваме…Македонското сонце го огреа светскиот фудбал…“, напиша Рисотвски.

Scroll to Top