Top Sport

Капитенски! Рамос ги однесе Реал Мадрид на четири поени од Барса! (видео)

Реал Мадрид направи огромен чекор кон шпанската титула, откако дури во 79. минута од мечот успеаја да го „скршат“ отпорот на Хетафе со гол од пенал за да избегаат четири поени пред Барселона на пет кола пред крајот на шампионатот.

Во првото полувреме, двата тима имаа добри шанси за голови, но голманите направија одлични одбрани, а како што течеше полувремето, „кралевите“ ја преземаа контролата на мечот.

Обидите да се стигне до гол на тимот на Зинедин Зидан, конечно, вродија со плод во 79. минута, кога Дани Карвахал имаше одлично влегување во шестнаесетникот, пред Оливеира да има невнимателен старт. Капитенот Серхио Рамос немаше мака од белата точка да донесе три супер-важни поени за „Лос бланкос“, за да има вкупно четири гола во последните шест меча!

Сега, Реал е прв со 74 поени, четири пред Барса, кои потклекнаа со две ремија во низа, додека Хетафе остануваат шести со 52 поени, пет поени зад место кое води во Лигата на шампиони.

Scroll to Top