Top Sport

Карабаг ќе игра во главната фаза во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Карабах втор пат в клупската историја се квалификуваа во главната фаза од Лигата на шампионите.

Клубот од Азербејџан загуби во реваншот од плејофот против Ференцварош со резултат 2:3, но победата од 3:1 во првиот натпревар беше доволна за пласман.

Почна добро за гостите од Унгарија. Во 12-та минута, Јозеф искористи додавање од искусниот Варга и постигна гол. Сепак, до крајот на првото полувреме, практично сè беше решено. Карабах израмни во 25-та минута преку Андраде, а непосредно пред крајот на полувремето, пресврт напави Зубир.

Ференцварош имаше речиси невозможна задача. Варга, сепак, ги разгоре надежите со гол во 55-та минута од пенал, а Тот најави комплетна офанзива со гол во 82-та минута.

Ференцварош ги фрли сите карти во нападот, но не можеше да постигне гол што ќе ги однесеше во продолжение.

Карабаг е вториот тим од самиот исток на Европа што ќе игра во лигашката фаза од Лигата на шампионите. Каират од Казахстан, исто така, направи голем подвиг еден ден претходно.

На патот до главната фаза, Карабаг во третото коло ја елиминира Шкендија.

Scroll to Top