Top Sport

Карагер: Харизмата, шармот и добриот изглед се причините зошто Аморим се уште не добил отказ

Џејми Карагер има необична теорија зошто Рубен Аморим сè уште не е отпуштен од Манчестер јунајтед и покрај низата катастрофални резултати на „Олд Трафорд“. Поранешната ѕвезда на Ливерпул верува дека харизмата, шармот и добриот изглед на Аморим му помагаат на португалскиот тренер да ја задржи својата работа, пишува „Дејли Мејл“.

Зборувајќи за „The Overlap Fan Debate“, Карагер го објасни својот став.

„Постои голема желба Жозе Мурињо да се врати во англискиот фудбал, а причината е што тој секогаш зборуваше без „влакна“ на јазикот, но тој беше победник. Секогаш се сеќаваме на Брајан Клаф, кога бев дете и тој зборуваше, го слушавте затоа што беше победник.

Всушност, го гледам тоа и мислам дека ако Аморим не беше толку харизматичен на прес-конференциите, ако не беше толку убав маж, можеби ќе ја изгубеше работата многу порано. Кога ќе ги погледнете резултатите, тие се ужасни.“

Статистиката не е во корист на Аморим. Јунајтед ја заврши минатата сезона на разочарувачкото 15-то место во Премиер лигата, го загуби финалето на Лигата на Европа од Тотенхем и лошо ја започна новата сезона.

По поразот на домашен терен од Арсенал (0:1), следеше нерешен резултат со Фулам (1:1), а сето тоа кулминираше со шокантно испаѓање од Карабао Купот по поразот по изведувањето на пенали од членот на четвртата лига Гримсби Таун.

Тие тесно го победија Барнли, со гол од пенал во 97.минута (3:2), минатиот викенд.

Во 46 натпревари на клупата на Јунајтед, Аморим успеа да постигне само 18 победи и е под огромен притисок да ја задржи својата работа.

foto/ index.hr

Scroll to Top