Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер вели дека е невозможно Јирген Клоп да остане на „Енфилд“ по крајот на сегашниот договор во 2024 година, но дека и досега направил доволно да биде впишан во историјата на клубот.
Десет години откако клубот го презеде американскиот милијардер Џон Хенри и Фенвеј спортс групацијата (ФСГ), и пет години по пристигнувањето на Клоп во тимот, Ливерпул има спектакуларни успеси – во 2019 стана шампион во Лигата на шампионите, а оваа година ја освоија Премиер лигата по пауза од 30 години. Карагер верува дека Клоп ќе замине за четири години, но и дека владеењето на Американците нема да трае вечно.
„Мислам дека кога ФСГ ќе го продадат клубот, а евентуално ќе го продадат, ќе остават многу за тимот, како непрепознатлив и модерен ‘Енфилд’ со титули и со фантастичен тренер и играчи. Не сум сигурен дека Клоп ќе сака да остане повеќе од неговиот договор, но се надевам дека ќе освојат уште некоја титула дотогаш“, вели Карагер.