Top Sport

Карагер: Никој не го сака Роналдо, не сум сигурен дека и Јунајтед го сакаат

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, а сега ТВ-коментатор, Џејми Карагер смета дека ниту еден голем европски клуб ова лето не сака да ризикува со трансфер на Кристијано Роналдо, кого не го сакаат ниту на „Олд Трафорд“.

Шпекулациите околу иднината на Роналдо го одбележуваат летниот преоден рок, и иако Манчестер јунајтед официјално не сака да го пушти, досега Челси, Баерн Минхен, Пари Сен-Жермен и Атлетико Мадрид ја отфрлија можноста да го „приберат“.

„Тој беше бизарно засилување за Манчестер јунајтед. Секогаш чувствував дека ќе дојде ваков момент, иако тој имаше добра сезона. Тој потпиша двегодишен договор со опција за уште една сезона, што беше неверојатно, бидејќи никогаш нема да дозволи да биде ‘втора виолина’ во било кој тим. Тоа што неговата кариера е толку долга покажува каков професионалец е, но на 37, 38, веќе не е истиот играч. Уште е голем напаѓач, но не е истиот фудбалер. Ниту еден клуб во Европа не го сака, иако можеби се лажам. Но, изгледа дека ниту Јунајтед не го сакаат. Мислам да го прашате Тен Хаг, тој сигурно не го сака. И сигурен сум дека никој во соблекувалната на Јунајтед не го сака во моментов“, вели Карагер.

Scroll to Top