Top Sport

Вајналдум пречекан од стотина фанови на „волчицата“

Навивачите на Рома очигледно се во одлично расположение и целосно се задоволни од летниот преоден рок, откако стотина навивачи на „волчицата“ го пречекаа на аеродромот Жоржињо Вајналдум, кој пристигна во Италија да ја комплетира позајмицата од Пари Сен-Жермен.

31-годишниот Вајналдум пристигна на приватен авион обезбеден од семејството Фридкин, газдите на Рома, со застанување во Ротердам да ги собере членовите на неговото семејство. Навивачите го чекаа на аеродромот „Чампино“ еден час пред тој да слета прославувајќи го новото засилување, а Рома им обезбеди шишиња вода за да останат хидрирани на августовското сонце.

Вајналдум пристигнува во тимот на Жозе Мурињо со позајмица со обврска за купување од 8 милиони евра ако Рома заврши во топ 4 оваа сезона, а ПСЖ ќе плаќаат 50 отсто од неговата висока годишна плата од 9.5 милиони евра.

Scroll to Top