Top Sport

Карагер: Никој нема да се плаши од Јунајтед на Тен Хаг

Ниту еден од топ 4 клубовите во Премиерлигата не би ги смениле своите менаџери за новиот прв човек на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, вели Џејми Карагер, додавајќи дека ниту еден од англиските таленти нема да сака да потпише за „ѓаволите“.

Тен Хаг пристигнува на „Олд Трафорд“ со солидна репутација, носејќи го Ајакс до две холандски титули и до полуфинале од ЛШ во 2019, но поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сега ТВ-коментатор, Карагер смета дека тоа не менува ништо.

„Ерик Тен Хаг се соочува со четири големи проблеми во Манчестер јунајтед. Нивните имиња се: Пеп Гвардиола, Јирген Клоп, Томас Тухел и Антонио Конте. Без разлика колку ддобар е Тен Хаг и колку ќе се покаже на ‘Олд Трафорд’, ќе треба да ги победи најдобрите тренери на светот. Тоа е и така тешко, а не со тим кому му е потребен ремонт. И покрај цела возбуда во Јунајтед, реалноста е дека ниту еден од тие топ 4 клуба не би го смениле својот тренер со Тен Хаг. Клубот стана гробишта за менаџери и фудбалери. По Сер Алекс Фергусон никој не отиде таму и ја подобри својата репутација. Кога Хери Мегваер, Лук Шо, Арон Ван Бисака и Џејдон Санчо се приклучија на Јунајтед се имаше чувство дека клубот оди во вистинска насока со англиски талент. Сега се исплашени да играат на ‘Олд Трафорд’. Да бев на местото на Деклан Рајс или Џуд Белингтон, би бегал ако Јунајтед се јават“, пишува Карагер.

Scroll to Top