Top Sport

Севилја се врати на второто место, Рајо на Димитриевски со победа кај Еспањол

Севилја со 3:2 славеше на гостувањето кај Леванте во меч од 33. коло во шпанската Ла лига, за да се врати на второто место на табелата пред Барселона и Атлетико Мадрид, додека Рајо Валјекано, со Столе Димтириевски на голот стигна до 0:1 победа на гости кај Еспањол во Барселона.

Хесус Корона ги донесе Севилја во водство уште во 14. минута, но осум минути подоцна Леванте израмни со гол од пенал на Хозе Моралес. Корона уште еднаш стрелаше во 27. минута за враќање на предноста. Македонскиот репрезентативец Енис Барди влезе во игра во 66. минута, а пет минути подоцна Леванте имаше нова шанса за израмнување откако пак беше досуден пенал, но овојпат Моралес не беше прецизен. Жил Кунде во 81. минута зголеми на 1:3, меѓутоа Роберто Солдадо во 88. минута намали на 2:3 за интересен финиш на мечот.

Во Барселона пак, голот на Серхио Гвардиола во финишот на првото полувреме беше доволен Рајо да стигне до три поени.

ЛА ЛИГА, 33.КОЛО

Леванте – Севилја 2:3

Еспањол – Рајо Валјекано 0:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top