Фудбалските аналитичари, сигурно уште неколку денови, ќе ја анализираат победата на Реал над ПСЖ (3:1), во осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите. Карим Бензема со хет-трик ги расплака „светците“ и го однесе својот тим во четврт-финалето.
Бензема, првиот гол го постигна во 61.минута, вториот и третиот во интервал од само 11 секунди. Толку време мина од моментот кога ПСЖ тргнаа од центарот и експресно примија уште еден гол.
„Ова што се случи е невиден срам. За само 11 секунди примија гол. Тоа немаше да случи Реал против себе да имаше 15-годишни фудбалери. Резил“, рекол поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, кој работи како аналитичар за „Скај спорт“.
„На ова ниво фудбалерите треба да покажат многу повеќе борба на теренот. Секако дека ПСЖ беа во тешка положба откако го примија вториот гол, но нивните реакции откако тргнаа од центарот беа ужасни“, заклучил Карагаер.