Манчестер сити, според медиумските шпекулации се во пол-позиција за трансферот на Лионел Меси. Аргентинецот во вторникот побара да го раскине договорот со Барселона.
Сите се фаворити за потписот на Меси поради Пеп Гвардиола. Тие двајца успешно соработува во Барселона, а самиот неколку пати изјави дека би сакал да го донесе Аргентинецот во Манчестер сити.
Трансферот на Меси во Сити е логична опција смета и аналитичарот на „Скај Спорт“, Џејми Карагер.
„Би сакал да го видам Меси во Премиер лигата. Единствен клуб во кој може да дојде е Манчестер сити, поради поврзаноста со менаџерот и финансиската моќ што ја поседува клубот“, рекол поранешниот фудбалер на Ливерпул.
Карагер не се согласува со мислењата дека со Меси во тимот „граѓаните“ со леснотија ќе ја освојат Премиер лигата.
„Неговото доаѓање ќе ги направи Сити посилни, но нема да бидат непобедливи. Барселона со години не ја освоила Лигата на шампионите“, заклучил Карагер.