Top Sport

Карагер со слика на српски криминалец му го честитал роденденот на Невил

Џејми Карагер на својот пријател Гери Невил роденденот му го честитал со фотографија на српскиот криминалец, Кристијан Голубовиќ.

Карагер, смета дека постои голема сличност помеѓу Невил и Голубовиќ. Во минатото, легендата на Ливерпул, на Невил му порачувал дека доколку редовон оди во вежбална ќе изгледа како Голубовиќ. Оваа фотографија е хит во Англија.

Карагер и Невил, во минатото беа големи ривали, но нивното пријателство никогаш не било спорно. Тие двајца сега работата како коментатори за „Скај Спорт“.

Невил го прослави својот 46 роденден.

Голубовиќ е еден од ретките преживеани актери од култниот документарен филм „Видимо се у читуљи (Се гледаме во некролог)“, голем дел од својот живот минал по затворите во Србија и Европа.

 

Scroll to Top