Поранешниот тренер на Милдзборо, Шпанецот Аитор Каранка е нов менаџер на Нотингем форест, јавува „Дејли мејл“.
Форест го отпуштија Марк Варбартон, откако тој не успеа да ги одржи Нотингем меѓу позициите кои носат во Премиер лигата, додека Каранка беше без работа откако беше отпуштен од Мидлзборо минатиот март.
Каранка е поранешен дефанзивец на Атлетик Билбао и на Реал Мадрид, а во менаџерската кариера работеше како селектор на шпанската репрезентација до 16 години, но и како помошник на Жозе Мурињо додека Португалецот беше главен тренер на Реал Мадрид.
Амбициозниот сопственик на Форест, Евангелос Маринакис (инаку сопственик и на грчкиот гигант Олимпијакос), сака да го врати поранешниот двократен европски шампион во Премиер лигата првпат од 1999 година.