Јаник Фереира Караско сака да го напушти Атлетико Мадрид. Клубот за да му ја исполни желбата ќе го намали обесштетувањето. Сигурно е дека Белгиецот ќе замине од Мадрид по завршувањето на сезоната.
Њукасл, минатото лето покажа сериозен интерес за Караско, но тогаш Атлетико бараше 70 милиони евра, а и фудбалерот не сакаше да го напушти клубот.
Причината поради која Караско го смени мислењето е што клубот не си го исполнил ветувањето. Му било ветено дека ќе добие нов договор и поголема плата. Се почувствувал дека клубот го изневерил, поради што преку менаџерот побарал трансфер.
Атлетико за Караско бара 40 милиони евра.
Покрај Караско, наредното лето клубот ќе го напуштат и Бразилците Матеус Куња и Рена Лоди, двајцата како позајмени настапуваа во Премиер лигата.
Договорот на Куња, Вулверхемптон мора да го откупи за 40 милиони евра, додека не е познато како договор Атлетико има со Нотингем Форест за Ренан Лоди.
Се шпекулира дека Атлетико ќе го напушти и Жоао Феликс, но тоа најмногу ќе зависи од тоа дали Диего Симеоне ќе остане на клупата на „јорганџиите“.