Top Sport

Караско се врати во Атлетико

Јаник-Фереира Караско во финишот на преодниот рок се врати во Атлетико Мадрид. Репрезентативецот на Белгија до крајот на сезоната ќе го носи дресот на „јорганџиите“ како позајмен играч од кинескиот Далијан Јифанг.

Караско (26) по две години во Кина реши да се врати во Европа. Иако за него постоеше интерес од неколку други клубови тој реши да се врати во клубот од каде што во трансфер вреден 30 милиони евра замина во Далијан Јифанг.

Белгиецот кариерата ја започна во Монако, а во Атлетико пристигна во 2015 година. За три сезони во Атлетико одигра 123 натпревари на кои постигнал 23 гола.

Караско треба да го засили офанзивниот ред на Атлетико.

Инаку, според „Лекип“ на „Јорганџиите“ им пропаднал трансферот на Единсон Кавани. ПСЖ не ги прифатил понудените 18 милиони евра за фудбалерот на кого договорот му истекува по завршувањето на сезоната.

Scroll to Top