Фудбалскиот клуб Кардиф до Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги доставиле доказите за спорот со Нант, поврзани со исплатата на трансферот на Емилијано Сала.
Нант побараа помош од ФИФА откако Кардиф одбиле да ги исплатат 15 милиони фунти за трансферот на Сала. Аргентинецот на 19 јануари потпиша договор со Кардиф, стана најскапиот играч во историјата на клубот, но само два дена подоцна тој загина во авионска несреќа.
Од тој момент двата клуба водат спорт поврзан со исплатата на парите. Нант си ги бара договорените пари, а од Кардиф тврдат дека не мора да ја исплатата сумата бидејќи трансферот правно не бил завршен.
Рокот што ФИФА им го одреди на клубовите да ги достават доказите истече вчера, а Кардиф се огласи на социјалните мрежи дека рокот бил испочитуван.
Од Кардиф тврдат дека Премиер лигата одбила договорот на Емилијано Сала, што според нив е знак дека не важи она што го договориле клубовите.
Од друга страна од Нант тврдат дека правилата се испочитувани и дека Сала, како играч на Кардиф во ФИФА бил регистриран на 29 јануари.