Top Sport

Барса синоќа го „сними“ Де Лихт, вечера го следи Јовиќ

Матијас Де Лихт и Лука Јовиќ се означени како играчи чии трансфери ќе бидат приоритет на Барселона, во летниот преоден рок, објави „Мундо Депортиво“.

Според овој извор, претседателот Џозеп Марија Бартомеу и спортскиот директор Оскар Грау, синоќа во Амстердам го гледале натпреварот Холандија-Германија, а вечерва спортскиот директор Ерик Абидал и техничкиот секретар Рамон Планес, во Лисабон, ќе го следат дуелот помеѓу Португалија и Србија.

Де Лихт има 19 години, капитен е на Ајакс и е стандарден во репрезентацијата. Синоќа го постигна и деби голот во националниот тим. Наводно Барселона биле подготвени да платат 60 милиони евра за неговите услуги.

Конкуренти на Каталонците, во борбата за потписот на Де Лихт, ќе им бидат ПСЖ, Реал Мадрид и Јувентус.

Лука Јовиќ има 21 година, тој е позајмен во Анјтрахт Франкфурт од Бенфика, но јасно е дека Германците по завршувањето на сезоната ќе го откупат неговиот договор, а потоа ќе го продадат за многу поголема сума.

Покрај Барселона, за услугите на српскиот репрезентативец, постои интерес кај ПСЖ, Ливерпул и Баерн Минхен.

Scroll to Top