Top Sport

Кардиф се соочени со ригорозна казна од ФИФА

Фудбалскиот клуб Кардиф се соочува со потенцијална забрана за реализација на трансфери во наредните три трансфер-периоди бидејќи не сакаат на Нант да му платат 15 милиони фунти за Емилијано Сала.

Нант и Кардиф во јануари го договорија трансфеот на Аргентинецот, меѓутоа тој никогаш не стигна во Велс. Авионот со кој патувал од Нант во Кардиф се урна во каналот Ла Манш.

Веднаш по несреќата Кардиф објавија дека нема да го платата обесштетувањето. Нант правдата ја побара пред органите на ФИФА, откаде во септември им наложија на Кардиф да ја уплатат првата рата од шест милиони фунти.

Кардиф се уште не ја исполниле обврската поради што се соочува со казна од ФИФА, односно забрана на трансфери до јуни 2021 година.

Намерите на челниците на Кардиф се правдата да ја побараат пред Судот за спортска арбитража во Лозана.

Scroll to Top