Top Sport

Сон паднал во депресија, Ламела и Вертонген се повредени, Кејн е болен

Менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино, има сериозни проблеми пред гостувањето во Белград кај Црвена ѕвезда во Лигата на шампионите.

Најлошото сценарио за Покетино е во Белград да патува без четворица важни играчи, од кои двајца се повредени, еден е болен, а еден паднал во депресија.

Јан Вертонген има проблеми со тетивата, а Ерик Ламела го мачи бутниот мускул. Овое двајца не игра вчера против Евертон, исто како и капитенот Хари Кејн.

Најдобриот играч на Тотенхем имал вирусно заболување, не тренирал во саботата, поради што остана во Лондон и не играше против Евертон.

Напаѓачот Сон, според англиските медиуми, не можел да се соземе поради тешката повреда со која се здоби играчт на Евртон Андре Гомеш. Кореецот беше во дуел со Португалецот кога тој ја сршил ногата.

Сон доби црвен картон, во солзи го напушти теренот, а соиграчот Деле Али открил дека плачел и во соблекувалната по завршувањето на натпреварот.

На листата на повредени се наоѓа и голманот Иго Љорис за кого од порано е познато дека нема да се врти во тимот најмалку до крајот на годината.

Црвена ѕвезда ќе го пречека Тотенхем во среда од 21 часот.

Scroll to Top