Top Sport

Кардона доби пет меча суспензија за „искривените очи“

Светската фудбалска федерација (ФИФА) му додели суспензија од пет меча на колумбискиот играч од средниот ред, Едвин Кардона откако тој направи расистички гест кон Јужнокорејските фудбалери на пријателски меч минатиот месец.

Според дисциплинската комисија на ФИФА, Кардона направил „дискриминирачки гест“, и објасни дека суспензијата може биде отслужена на пријателските мечеви на Колумбија. Кардона добива и забрана за пристап на стадионите во тие пет меча и казна од 20.000 швајцарски франци.

Ова значи дека играчот на Бока јуниорс најверојатно ќе ја отслужи суспензијата пред Светското првенство во Русија, каде што Колумбија е во група со Полска, Сенегал и Јапонија. Кардона подоцна се извини за гестот.

Кардона се извини за „искривените очи“

Scroll to Top