Top Sport

Литванскиот селектор си даде оставка по судската „кражба“ која ја призна и ФИБА (видео)

Литванскиот селектор Даиниус Адомаитис потврди дека ќе се повлече од репрезентацијата по крајот на Светското првенство во Кина, откако  беше бесен за „кражбата“ која им ја направија судиите на мечот со Франција, која подоцна ја потврди и ФИБА. Адомаитис четири години беше селектор на Литванија.

Претходно, ФИБА ја разгледа жалбата на Литванија околу одлуката на судиите за последните секунди од мечот со Франција, оценувајќи дека Руди Гобер го допрел обрачот додека топката била во контакт по слободно фрлање на 30.8 секунди пред крајот на последната четвртина и дека требало да биде судено попречување.

ФИБА потврди дека тројцата судии, Антонио Конде, Даниел Алберто Гарсија Ниевес и Леандро Лезкано нема да бидат избрани во текот на шампионатот, но тоа не ја намалува болката на Литванците, кои со поразот од Франција ги загубија шансите за четврт-финале.

Scroll to Top