Карикатурата на италијанскиот веб-сајт „Карикатурела“ стана вирална во Италија, откако на неа се прикажани фановите на Џенова и Сампдорија, инаку лути градски ривали како се гушнати за да го направат мостот кој се сруши во италијанскиот град и во кој загинаа 40-тина луѓе.
Хаотичните сцени во Џенова продолжуваат откако спасителите се обидуваат да најдат преживеани во урнатината по катастрофата.
Ултрасите на двата фудбалски клубови можеби се мразат, но си го сакаат својот град, што го покажаа и претходните години кога помагаа во расчистувањето на градот по катастрофалните поплави.
Претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро веќе побара Серија А да го одложи првиот меч од новата сезона против Фиорентина по трагедијата.
Forza Genova! #Genova #Genovaponte #Genovanelcuore #Genoa #Sampdoria #PonteMorandi #Morandi #Crollo #CrolloPonte #ForzaGenova #PrayForGenova #Autostrade #Italia • https://t.co/QedFTDYAPP pic.twitter.com/9CNHvYkjhh
— GOKCEN EKE (@caricaturella) August 15, 2018