Top Sport

Карим Бензема обвинет за обид за киднапирање!

Лео Д’Соуза, поранешниот соработник на Карим Бензема пред судот во Нантер поднел тужба против фудбалерот на Реал Мадрид, обвинувајќи го за киднапирање и задржување без негова волја поради финансиско „недоразбирање“.

На 8 октомври, Д’Соуза поднел тужба до полициската станица во градот Нантер откако претходниот ден се случил иницдентот. Агентот сакал да префрли 50.000 евра од Франција во Мароко, но оваа сума била запленета на аеродромот бидејќи Бензема сметал дека тој му ги должи парите.

По ова, Лео Д’Соуза отишол во бар со наргилиња во Нантер со пријател од детството на Бензема, по што бил грабнат и ставен во комби кое било паркирано пред барот. Агентот одбил да го направи ова, по што бил удрен пред сопственикот на барот да побара тие да си заминат.

Иако присуството на Бензема на местото на сцената не е утврдено, според „Медиапарт“, Д’Соуза требал да биде однесен во хотелот „Ројал Монко“, каде што тој ги чекал. Полицијата официјално отвори истрага, а Бензема се јави преку својот адвокат Силван Кормие.

„Ова е обид за лажно обвинување за да се прикријат нелегалните дејствија на Д’Соуза“, изјави Кормие.

Ова не е првпат Бензема да има судир со законот – тој беше обвинет дека го уценувал својот тогашен колега од француската репрезентација Матју Валбуена со секс-снимка, по што беше исфрлен од репрезентацијата, каде што уште не се врати. Судот го ослободи Бензема во овој случај.

Фото: ЕПА

Scroll to Top