Top Sport

Будуќност загуби добиен меч против Макаби, ЦСКА со маки над Дарушафака (видео)

Макаби Тел Авив стигна до 78:68 победа над Будуќност во третото коло од Евролигата, оставајќи го црногорскиот тим без победа во своето деби во натпреварувањето.

Будуќност беше подобриот тим во поголемиот дел од мечот во „Морача“, но во последната четвртина израелскиот клуб направи целосен пресврт и ја доби со 20:6. Скоти Вилбекин имаше фантастични 28 поени за Макаби, додека кај Будуќност Едвин Џексон постигна 13, а Немања Гордиќ и Ален Омиќ по 12.

ЦСКА Москва пак, се намачи, пред со 80:75 да ја победат турска Дарушафака, откако гостите водеа со +7 на полувреме. Кори Хигинс блесна во второто полувреме со 14 поени и беше најдобар за рускиот тим, додека за Дарушафака најефикасни беа Мајкл Ерик и Стентон Кид.

ЕВРОЛИГА, 3.КОЛО

ЦСКА Москва – Дарушафака 79:75 (19:17, 12:21, 26:10, 22:27)

Будуќност – Макаби ТА 68:78 (16:14, 25:20, 21:24, 6:20)

Панатинаикос – Гран Канарија 102:87 (21:14,29:22, 24:19, 28:32)

Барселона – Баерн 83:73 (26:17, 18:19, 21:18, 18:19)


Scroll to Top