Top Sport

„Кариоките“ без муниција со „слоновите“ – црвениот картон ги „сопна“

Реми без голови одиграа селекцијата на Бразил и Брегот на Слоновата коска во второто коло на олимпискиот фудбалски турнир во Токио.

Дефанзивецот на „Кариоките“ Даглас Луис со својот потег во 12 минута се чини дека ги „сопна“ колегите од репрезентацијата, па не можеа да стигнат до втората олимписка победа на овој турнир по феноменалниот триумф над Германија во првото коло.

Судијата по ВАР асистенција му покажа цевен картон на Луис, но и покрај тоа на мечот имаше неколку сериозни шанси за отворање на резултатот.

Во последните 10-тина минути, по вториот жолт картон Ебуе Куаси силите на теренот беа израмнети, но резултатот остана непроменет.

Сега по две кола двете селекции со по 4 бода се во добра позиција за премин во следна фаза.

Германија во овие моменти со 1-0 води против Саудиска Арабија која во првото коло загуби со 1-2 од Брегот на Слоновата коска.

Доколку „панцирите’ го освојата целиот плен против селекцијата од Азија, и тие ќе се вмешаат во борбата за следна фаза, па во третото коло против Африканците во директен дуел самите ќе решаваат за својата судбина.

Scroll to Top