Катастрофалните грешки на голманот на Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид можеби се резултат на потресот на мозокот кој тој го добил во мечот по судирот со Серхио Рамос вели американскиот доктор кој го прегледал Германецот во Бостон.
Ливерпул го пратија Кариус на снимка на мозокот во „Џенерал“ болницата на Масачусетс во четвртокот по судирот со капитенот на Реал. 24-годишниот голман направи две катастрофални грешки во 3:1 поразот, вклучувајќи го давањето на топката на Карим Бензема за првиот гол и лошата реакција при ударот на Герет Бејл од далеку за третиот гол.
Loris Karius was concussed in the Champions League final after “his clash” with Sergio Ramos. 26 of the 30 concussion tests he was sent for came back positive #YNWA #LFC #LFCFamily pic.twitter.com/qfCz0ktPBm
— Roar Of The Kop (@_RoarOfTheKop_) June 4, 2018
Докторот Рос Зафонте, кој е стручњак за повреди на главата и лекувал многу НФЛ играчи, потврди дека Кариус имал потрес на мозокот.
„На 31 мај 2018, г-динот Кариус имаше детален преглед од докторот Рос Зафонте и докторката Ленор Хергет во Бостон. По деталното разгледување на ТВ-снимките, физичкиот преглед, заклучивме дека тој добил потрес на мозокот. Сите знаци покажуваат дека тој имал симптоми веднаш по случката. Можно е таквите симптоми да делуваат на играта“, се вели во соопштението на болницата.
Кариус во моментов е на одмор во Калифорнија и треба да се јави на тренинзи со Ливерпул на 2 јули.
Turns out Loris Karius suffered a concussion in the Champions League Final. pic.twitter.com/tVPeR01AeK
— FOX Soccer (@FOXSoccer) June 4, 2018