Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус, кој игра како позјамен фудбалер на Бешикташ го тужи турскиот клуб поради неисплатените плати, објавува порталот „Гол“.
25-годишниот Германец, кој дојде на Босфорот во август 2018 по „киксовите“ кои ги направи во финалето на ЛШ против Реал Мадрид и по купувањето на Алисон од страна на Јирген Клоп, наводно не добил плата последните четири месеци, во целосна вредност од повеќе од милион евра и решил да ја бара правдата пред ФИФА.
ФИФА може да ги казни Бешикташ со одземање на поени во турската Суперлига, но и со исфрлање од Лига Европа. Бешикташ се на третото место во Турција со 13 поени зад лидерот Башакшехир и надвор од трката за титулата.
Кариус има 26 настапи за Бешикташ оваа сезона, и во пет од нив успеа да не прими гол.