Top Sport

Роналдо е „кошмар“ на Атле! Со 24-тиот гол против нив „израмни“ во Торино (видео)

Кристијано Роналдо обожава да им дава голови на Атлетико Мадрид. Откако во првото полувреме им донесе на Јувентус 1:0 водство против „јорганџиите“ на почетокот на второто полувреме од реваншот од осминафиналето на ЛШ веќе е 2:0 благодарение на неговиот 24-ти гол против клубот од Шпанија во 34 натпревари.

Слично како и првиот гол, Роналдо повторно беше ефикасен со глава, откако доби совршена топка од неговиот португалски сонародник Жоао Кансело.

Со овој резултат, ситуацијата е израмнета по поразот од 0:2 на Јуве на „Ванда метрополитано“ и тимот на Диего Симеоне ќе се обиде да направи нешто повеќе, откако во првото полувреме немаше ниту еден удар на голот на домаќините.

Роналдо не греши вторпат! Јуве-Атлетико 1:0 (видео)

Scroll to Top