Можеби помина месец и половина од финалето на Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул, но очигледно голманот Лорис Кариус уште страда од потресот на мозокот кој го доби во Киев.
Пред неколку дена, Кариус прими доста наивен гол на загревањето пред пријателскиот меч против Честер.
Во вторникот навечер германскиот голман повторно „блесна“, откако овојпат во дуел со третолигашот Транмере роверс направи уште една „глупост“. Ливерпул на крајот победи со 3:2, а Јирген Клоп застана во одбрана на голманот.
„Тој гол на никого не му се допадна, но и вториот гол беше глупост на Џејмс Милер заедно со Педро Киривела. Која беше поголема грешка? Можеби втората“, изјави Клоп.
На крај мало потсетување на мечот со Реал…