Top Sport

Кариус повторно „блескаше“, Касилјас застана во негова одбрана (Видео)

Легендарниот шпански голман, Икер Касилјас, ја повика јавноста да престане со нападите и осудите кон голманот на Ливерпул, Лорис Кариус.

Германскиот голман на удар се најде по финалето во Лигата на шампионите, кога со две свои грешки, му овозможи на Реал да постигне два гола и практично да го реши победникот.

Тие грешки во финалето, по се изгледа го прогонуваат Кариус, кој прави „глупости“ и на почетокот на подготвителниот период.

Кариус, во неделата вечерта, два пати „блесна“ во поразот на Ливерпул од Борусија Дортмунд (1:3).

Откако повтoрно почнаа да го исмејуваат на социјалните мрежи, се огласи и Касилјас.

„Дали некогаш ќе престанат нападите врз Лорис Кариус? Тој е ист како и секој друг голман. Во светот постојат многу полоши проблеми. Оставете го тоа момче на мира и тој е човек како и сите ние“, напишал Касилјас на својот профил на „Твитер“.

Поради лошата форма на своите голмани, Ливерпул, пред неколку дена го урна трансфер рекордот и го потпиша голманот на Рома, Алисон Бекер.

Scroll to Top