Top Sport

Маркионе е во кома, нема надеж за опоравување

Поранешниот претседател на Фиат и Ферари, Серџо Маркионе е во кома во болница и нема надеж за негово опоравување, јавуваат италијанските медиуми.

Според новинската агенција „Анса“, Канаѓанецот со италијанско потекло, се наоѓа во кома во ситуација од која „нема враќање“.

„Ла газета дело спорт“ тврди дека ексшефот на Ферари бил во болница во Цирих веќе три недели по компликации на операција на рамото, кога било откриено дека 66-годишиот Маркионе има рак на белите дробови.  Според „Ла република“, лекарите на интензивна нега се обиделе да ги намалат неговите лекарства за тој да се обиде да дише самостојно, но дека ова било неуспешно.

Маркионе си заминува од Ферари поради здравствени причини

Scroll to Top