Top Sport

Кариус пратен на позајмица во Унион Берлин

Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус го комплетираше трансферот во бундеслигашот Унион Берлин, пристигнувајќи на позајмица, откако претходно помина две сезони во турскиот Бешикташ со сличен договор.

27-годишниот Германец нема играно за Ливерпул по 3:1 поразот од Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите во 2018, кога беше виновен за два гола и го примора Јирген Клоп да го купи Алисон од Рома.

Сега, тој се враќа во Германија првпат откако направи трансфер од Мајнц во Ливерпул во 2016 година. Унион се обидуваат да го засилат тимот и да останат во Бундеслигата, откако лани во првата сезона во елитата во историјата завршија на 11. место.

„Едвај ја чекам мојата нова шанса во Берлин и пресреќен сум што ќе играм во Бундеслигата. Унион е посебен клуб, кој заслужи голема почит во последните неколку сезони и сакам да помогнам во растот на клубот“, вели Кариус.

Откако беше во Манчестер сити и Штутгарт како јуниор, Кариус беше сметан за еден од најталентираните германски голмани кога пристигна на „Енфилд“. Тој ќе дебитира во меч против својот поранешен клуб, Мајнц.

Scroll to Top