Top Sport

Гвардиола ја засилува одбраната – купен Рубен Диаш за 65 милиони фунти!

Манчестер сити и Пеп Гвардиола веруваат дека нашле вистинска замена за Винсен Компани во новото засилување од Бенфика, Рубен Диаш, еден ден по катастрофалниот 2:5 пораз од Лестер сити, кој уште еднаш ја покажа слабоста на одбраната на „граѓаните“.

Бенфика веќе потврдија дека Диаш заминува на „Етихад“, додека во спротивен правец ќе отиде Аргентинецот Николас Отаменди за 13.7 милиони фунти.

23-годишниот Диаш беше капитен на Бенфика при победата над Мореиренсе во саботата, поздравувајќи се со соиграчите и со директорот на клубот, Руи Кошта по крајот на мечот.

Гвардиола смета дека со Диаш ќе ги реши проблемите кои ги има тимот по заминувањето на Компани на крајот на сезоната 2018/19, по што Фернандињо ја извршуваше работата на централен дефанзивец. Со ова сигурно се става крај на обидот на Сити да го добијат Сенегалецот Калиду Кулибали, за кого не сакаа да платат над 80 милиони фунти.

Scroll to Top