Лорис Кариус, во летниот преоден рок го смени клубот, од Ливерпул замина во Бешикташ. Грешките што ги направи во финалето против Реал, во Лигата на шампионите го натераа да го напушти Ливерпул.
Клубот го смени но не ги смени и навиките. Кариус и во Бешикташ се резили со лошите реакции и ги фрустрира навивачите на еден од најпопуларните турски клубови.
Кариус прими смешен гол против Малме во второто коло, во Лига Европа. Германскиот голман не успеа да ја исфрли топката по центаршутот на Андреас Виндхајм и таа заврши зад неговиот грб.