Top Sport

Мурињо им се одмаздува на новинарите, закажал прес во 8 часот

Жозе Мурињо не е имун на критиките на кои е изложен во изминатиот период. Лошите резултати и атмосферата што владее во Мначестер јунајтед, го тера Португалецот да се „пресметува“ со новинарите.

Пред натпреварот од осмото коло во Премиер лигата, против Њукасл, менаџерот на „црвените ѓаволи“ закажал прес конференција во осум част наутро. Тоа е пет часа пред вообичаениот термин кога Мурињо ги закажува своите прес конференции.

На овој начин Мурињо се обидува да ги казни новинарите, најверојатно поради пишувањата дека Зинедин Зидан ќе биде новиот менаџер на Јунајтед.

Scroll to Top