Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус вели дека „научил многу“ за тоа како да се справува со критиките по кошмарот од финалето на Лигата на шампионите пред две сезони, но инсистира дека критиките кон него не биле фер.
Кариус имаше битка со Симон Мињоле за стартото место во тимот на Јирген Клоп во 2018/19, пред Германецот да добие шанса за игра во финалето на ЛШ против Реал во Киев, каде што тој направи грешка за рано водство на „кралевите“ преку Карим Бензема. Садио Мане набргу израмни, но Герет Бејл успеа да го врати водството со фантастичен гол со ножички, пред Кариус да направи уште една грешка при удар на Велшанецот за 3:1 победа.
Клоп потоа го купи Алисон од Рома, а Кариус беше пратен во Бешикташ, а сите навивачи на Ливерпул го обвинуваа за поразот, иако тој се правдаше дека имал потрес на мозокот по дуел со Серхио Рамос.
„Верувајте, научив многу од тој момент, и знам дека требаше поагресивно да се однесувам. Имав потрес на мозокот по ударот на Рамос и немав целосна видливост. Ова беше докажано од лекарите. По мечот имаше многу навреди и злоба, удари под појас, но не го искориств како изговор. На Интернет доживеав невидено непријателство. Да ги прочитав сите пораки, немаше да можам да спијам. Бидејќи сте анонимни, навредите лесно се кажуваат. Не можам да ги обвинувам навивачите ако свиркаат, бидејќи имаат право да бидат незадоволни. Но, кога има лични навреди и закани по животот, линијата е помината“, вели Кариус во интервју за „Билд“.