Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус замина на одмор во обид да заборави на кошмарот од финалето на Лигата на шампиони, каде што две негови грешки придонесоа за 3:1 поразот од Реал Мадрид.
Кариус беше забележан на аеродромот во Манчестер во неделата и според англиските медиуми иако не се знае неговата дестинација се верува дека тој оди на одмор.
24-годишниот Кариус беше мета на сериозни обвинувања и закани од дел од навивачите на Ливерпул по неговото фијаско во Киев, а исто така останува неизвесна неговат аиднина на „Енфилд“.
Се верува дека Јирген Клоп сега ќе го „забрза“ добивањето на Алисон од Рома, откако го следат Бразилецот неколку месеци.