Договорот на Карло Анчелоти со Реал Мадрид истекува во јуни наредата година. Прашање е каде еден од најдбрите тренери во светот, во изминатите две децени ќе ја продолжи кариерата. Во Фудбалскиот сојуз на Бразил се сигурн дека Анчелоти ќе ја прифати нивната понуда, првиот човек на Реал, Флорентино Перез се уште не решил дали ќе му понуди нов договор, а некои медиуми тврдат дека ќе се врати во Премиерлигата.
Новинарката, Аранча Родригез, кој добро ги познава работите на „Сантијаго Бернабеу“, објави дека Дон Карло ќе ја заврши својата мисија во Реал и од наредната сезона ќе седна на клупата на Манчестер јунајтед.
„Понудата од Бразилците не е единствената што ја има Анчелоти на маса. Исто така, му е понудена можност да води голем клуб од Премиерлигат кој бара соодветен тренер за следната сезона. Станува збор за Манчестер јунајтед“.
Карло Анчелоти во минатото, во Премиерлигата ги предводеше Челси и Евертон.