Top Sport

Карлос Вела со гол се прости од Реал Сосиедад

Фудбалерите на Реал Сосиедад ја совладаа Севилја 3:1 во 17.коло во Ла Лига. Мечот го обележа Карлос Вела кој со гол се прости од клубот.

Карлос Вела по шест и пол години го напушта Сан Себастијан и се сели во САД, во новиот член на МЛС лигата Лос Анџелес. Мексиканецот во игра влезе во 75.минута, а во последнта минута постигна гол со кој ги постави конечните 3:1.

Претходно Реал Сосиедад водеше со голот на Мартинез во 17.минута, а во претпоследната минута од првиот дел Бен Једер израмни на 1:1. Во второто полувреме 21-годишниот Зубелдија во својот прв допир со топката, во 76.минута му донесе ново водство на Реал Сосиедад.

Scroll to Top