Top Sport

Навивачите на Јунајтед се „скршени“ по елиминацијата од Бристол

Големо е разочарувањето кај навивачите на Манчестер јунајтед по елиминацијата од второтлигашот Бристол Сити во четврт-финалето на Лига купот. Смит во 93.минута го постигна голот за 2.1 со кој Бристол ја забележа најголемата победа во 123-годишната историја.

Од почетокот на мечот во тимот на Манчестер јунајтед беа Ибрахимовиќ, Рашфорд, Марсијал и Погба, а во вториот дел кога Мурињо се обиде да победи во игра ги внесе Мхитаријан и Лукаку.

„Златан постигна гол, но одигра лош натпревар. Беше само сенка на Ибрахимовиќ од минатото. Беше лош кога ја имаше топката кај себе, се што се обиде да направи беше погрешно“, пишува ЕСПН и додава дека навивачите можат да бидат среќно што нивните миленици, во полу-финалето, избегнале дуел со Манчестер Сити, Челси или Арсенал.

Инаку Ибрахимовиќ против Бристол го постигна првиот гол по осум месеци, колку што паузираше поради тешката повреда. Тој доби шанса да настапи од првата минута, а навивачите сметаат дека 36-годишниот Ибрахимовиќ повеќе нема сила во ист ритам да одигра цел натпревар.

„Мртов лав“, „Лавовите не губат од Бристол Сити“, „Бескорисен си“, „Очајната игра на Златан покажа колку за нас е значаен Лукаку“, „Заминувај“, се замо дел од пораките кои преку социјалните мрежи бесните навивачи ги упатија кон Ибрахимовиќ.

Scroll to Top