Top Sport

Карлос Вела и се нуди на Барса – „Кој не би сакал да игра со Меси“

Фудбалерот на Лос Анџелес, Мексиканецот Карлос Вела и се нуди на шпанска Барселона на позајмица од јануари.

Екс-напаѓачот на Арсенал, Вилјареал и Реал Сосиедад вели дека сега е подготвен да дојде на „Ноу Камп“.

„Кој би рекол дека не сака да игра со Меси? Би можел да бидам во Барселона 4 месеци и потоа да се вратам во Лос Анџелес. Би уживал и би учел, а тогаш би се вратил“ – изјавил фудбалерот за „Њујорк Тајмс“.

Мексиканецот игра фантастично сезонава. Даде 36 гола во МЛС лигата и и помогна на екипата да се пласира во финалето на Западната конференција преку градскиот ривал Лос Анџелес Галакси предводен од Златан Ибрахимовиќ.

Вела има 30 години и искуство од Шпанија и Англија. Тој во Барса би им бил конкуренција во нападот на Луис Суарез, Антоан Гризман, Лионел Меси и Усман Дембеле.

Scroll to Top