Top Sport

„Жолтата подморница“ повторно сее страв во Шпанија (видео)

Брзи, конкретни, ефикасни, атрактивни – вака може да се опишат играчите на Вилјареал кои синоќа со 4-1 го торпедираа тимот на Алавес во првиот натпревар од 10 коло во Ла лига.

Домаќините продолжија во силно темпо во шпанската прва лига. „Жолтата подморница“ е моментно трета на табелата (зад Раал Мадрид и Барселона).

Вилјареал нема пораз на свој терен повеќе од пола година, а интересно е тоа што последен тим што славел на „Estadio de la Keramici” беше токму Алавес.

Синоќа, Екамбија донесе домашна предност од 1-0 уште во 13 минута од мечот. Гостите во 50 минута преку Перес израмнија на 1-1.

Екамбија во 65 минута повторно ја врати предноста на својата екипа, а Морено и Онтиверос ставија печат на новата победа на фудбалерите во жолти дресови.

Scroll to Top